Струмица доби нова градинка
Зголемен капацитетот на детската градинка во Струмица. Со средства од министерството за труд и социјална политика еден од клоновите на градинката Детска радост доби нов простор во кој се сместени четири нови занимални изградени и опремени согласно светските стандарди. Проектот е вреден 17 милиони денари, а се реализира во рамки на програмата за капитални инвестиции за инвестирање во објекти од детска заштита.
За општина Струмица новиот објект е посебно важен бидејќи истиот значи зголемување на капацитетот, а со тоа и намлување на притисокот што го има градинката за згрижување на деца.
До крајот на годината Струмица треба да добие уште еден еден објект за згрижување на деца од претшколската возраст . Се работи за комплетно новата градинка чија изградба е во завршна фаза. Според најавите во неа ќе има место за 360 деца.
-
Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар