Русија ја нападна Украина, Путин му се закани на светот
Русија ја нападна Украина. Рано утринава сирените ја најавија офанзивата на руските воени сили.
Кратко по првите експлозии на украинска територија, Претседателот Зеленски, прогласи воена состојба. Ги повика сите подготвени граѓани да ја бранат земјата, а однесувањето на Русија го спореди со постапките на Нацистичка Германија.
Официјален Кремљ најави дека операцијата ќе трае додека е потребно, односно додека не биде разоружана украинската војска. Рускиот претеседател се закани на оние кои ќе се обидат да ја одбранат Украина.
Двете земји објавија дека убиле војници за време на нападите и одбраната. Снимките од Украина покажуваат дека загинати се и цивили.
Уште рано утринава, жителите го напуштија Киев – колони возила излегуваа од украинската престолнина. Своите домови ги напуштаат и луѓето каде паднаа руските проектили.
Првичните извештаи за жртви се непотврдени, но според различни извори загинати се десетици цивили и 50тина војници.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
