Свет
4. March 2022 - 16:39

Путин: Немаме лоши намери кон соседите

Рускиот претседател Владимир Путин уверува дека официјална Москва нема лоша намера кон соседите. Ова тој го изјави за време на восппоставувањето ферибот линија во калиннград. Во своето обраќање, наведе дека Русија ги исполнувала сите обврски и немало причина да се влошат односите со соседните земји.

Имаме добри намери за нашите соседи и ги советувам да не работат на ескалирање на состојбата, да не воведуваат никакви ограничувања. Ние ги исполнуваме сите обврскии и ќе продолжиме да ги исполнуваме. Не гледаме неопходна ситуација да се влошат нашите односи и секој наш следен чекор ќе биде одговор за некаква непријателска постапка или акција против Русија.

 Путин ја повика меѓународната заедница да ги нормализира односите со Русија, бидејќи како што вели, влошените односи предизвикуваат штета на двете страни.

Да, ова е меѓународен проект во чија реазлизација учествуваа различни наши партнери од странство. Тоа е познато, но иновацијата е на Русија. Сме покажале и спремни повторно да покажеме, ако некој не сака да соработува со Нас во рамки на единствена соработка и сам себе си си носи штета, но штета имаме и ние. Ќе треба само да поместиме некои проекти малку надесно, да стекнеме дополнителни надлежности. Но, ние сепак ќе ги решиме проблемите со кои се соочуваме.

Ние повеќе пати покажавме, а подготвени сме да го направиме тоа уште еднаш. Ако некој не сака да соработува со нас, си нанесува штета и самиот на себе. Се разбира, ни наштетува и нам, но, во што? Ќе мораме да поместиме некои проекти малку надесно, да добиеме дополнителни компетенции, на ист начин, како што го правевме тоа и за други проекти.

Путин додаде дека земјата се прилагодува на санкциите, за како што рече да се справи со проблемите. Вели на крајот, Русија ќе имала и корист од санкциите.