Продолжи струмичкиот карневал
Ниту врнежливото време не ги поколеба струмичани да ја продолжат вековната традиција која пред две години беше прекината поради пандемијата. Триесетина маски со околу 1000 учесници беа дел од официјалната поворка на новото издание на струмичкиот карневал. Учесниците не го криеја задоволството што повторно имаат можност да ги стават нивните маски.
Трудот на карневалските групи го поздрави и градоначалникот Костадин Костадинов. Според него континуитетот на карневалот е важен и за одржување на традицијата, но и за мотивација на карневалските крупи во нивната креативна работа.
Карневалските свечености продолжија денеска, а главни на сцената овој пат беа најмладите. Утре се одбележува чист понеделник, а програма завршува во среда со одбележување на празникот Тримери.
-
Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар