Македонија
24. March 2022 - 19:59

Вакцинален караван во Струмица

Караванот за вакцинација пристигна на југоистокот од државата. Струмичкиот плоштад беше едно од местата на кое заинтересираните имаа можност да се вакцинираат, но и да добијат информации за придобивките од имунизацијата против Ковид-19. Граѓаните најголем интерес покажаа за третата доза.

Од Здравствен дом - Струмица најавуваат дека вакцинацијата во регионот продолжува и после караванот. Освен во нивните простории екипи ќе бидат активни и на терен.

Караванот за вакцинација го организира Министерството за здравство со поддршка од СЗО, УСАИД и УНИЦЕФ. Планирано е да бидат опфатени 14 локални заедници низ целата држава. Мобилните екипи утре ќе бидат во Ново Село.