Македонија
15. April 2022 - 16:36

Повторно се разгоре огнот во „Треска“, причините непознати оти истрагата нема услови за увид

Пожар повторно избувна во Треска. Пламна друг магацински простор во кругот на проанешната фабрика. Спречена е поголема катастрога бидејќи до овој магацин се наоѓаат два продажни салони за мопеди и бои и лакови кои можеле да експлодираат. Теренот се уште е ризичен па затоа пожарникарите и полицијата ќе го обезбедуваат просторот и понатаму.

Вработени од продавниците во околината се вознемирени и велат и самите дежурале во текот на ноќта.

Надлежните се уште не почнале со увидот за откривање на причините поради кои настана пожарот. Од обвинителството не информираа дека во моментот е ризично на терен, штом се создадат услови ќе се изврши увид на лице место и ќе бидат дадени насоки за утврдување на причините.  Градоначалникот на Центар не сакаше да шпекулира дали пожарот е подметнат. Според Герасимовски таму има објекти кои мора во најбро време да бидат отстранети.

 На просторот има над 30 парцели. Утрово биле примени во општината дел од  жителите кои со години се соочуваат со проблем за дооформување на земјиште. Тврди дека процедурата е во тек, застојот претходно бил поради мораториум и суспензии. Јавноста реагира дека пожарите во Треска, поранешниот суд за прекршоци и просториите на улици и патишта се подметнати за нешто побрзо да се изгради, Герасимовски вели тоа треба да го докажат истражните органи.

Сомнителен е пожарот сметаат и стечајците од поранешната фабрика Треска и побараа во најбрзо време да им бидат исплатени стажот и платите.

Опожарените магацини и миризбата и натаму е опасна по жителите од овој дел од градот, поради опасните материјали, азбест и пластика кои гореа.