Македонија
3. May 2022 - 16:32

Отворен македонско - бугарски клуб на пријателство

Интелектуалци од Македонија и Бугарија преку новиот клуб за пријателство ќе се градат мостови помеѓу двата народи во повеќе области. Клубот во кој учествуваат поранешни премиери,амбасадори, политичари, професори, новинари ќе формира работни групи а и заедничка историска комисија во сенка како алтернативна на актуелната мешовите комисија. На првата заедничка конференција, клубот побара да се дигне ветото и да се откочи процесот.

И од бугарската страна историчарите потенцираа дека овој клуб има за цел враќање на договорот за добрососедство од 2017г кој и покрај сите критики е добра основа за развој на заемните односи.

„На прво место тргнавме од позицијата тоа што има два документа и во бугарскиот и во македонскиот Парламент кои исцртуваат црвени линии. Тие документи се чиста идеологија и со таа идеологија ние нема да стигнеме до никаде во следните години. Со тоа единствено се оптоваруваат нашите односи и не одговараат на постигнувањата на социјалните и хуманитарните науки, туку ја претставуваат бугарската и македонската романтичарска идеологија.“

Но и покрај тезите дека и од двете страни постои  искрена намера за доближување на двете општества, сепак  на дело од бугарската страна го покажаа спротивното. На новинарско прашање од Македонија, бидејќи не им се допадна коментарот на членовите од бугарска страна, наместо одговор, одлучија да ја исклучат зум конекцијата со учесниците од Македонија.