Македонија
5. May 2022 - 16:28

Проект за евидентирање на духовното наследство со поддршка на амбасадата на САД

Од 1180 цркви и манастири во земјава само 235 се регистрирани а од нив само мал процент заштитени како културно наследство. Државата многу малку води грижа за овие значајни историски и духовни светилишта. Преку проектот на ИКОМОС ќе се направи мониторинг на над 700 цркви и манастири кои се културно наследство на државата. Стручни тимови во кои ќе бидат вклучени историчари на уметност, архитекти конзерватори, градежни инженери сеизмолози  ќе направат увид на објектите во секоја од епархиите.

Проектот е одобрен од СИНОДОТ на МПЦ а финансиски поддржан од амбасадата на САД во земјава која изминативе години финансирала со над 1 ипол милион долари во заштита на повеќе од 15 црковни објети.

Со проектот ќе се прават проценки на состојбата на архитектурата, ѕидното сликарство и иконостасите во храмовите.

ИКОМОС е членка на меѓународниот совет за споменици и локалитети со седиште во Пaриз.