Ден на Европа - пораки за обединетост
Со химните на Македонија и Европа, церемонијално и со положување на свежо цвеќе пред споменикот на Ослободителите на Скопје, денеска во дворот на Владата се одбележа Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа. Премиерот Ковачевски со порака- 9 мај е ден на заедничката победа над фашизмот и вели, заеднички сме подготвени за историски исчекор за преговори со ЕУ.
На иста линија со Ковачевски и амбасадорите Кејт Мери Брнз и Дејвид Гир- што побрзо земјава да стане дел од европското семејство, бидејќи Унијата не е целосна без балканските земји во неа.
9 Мај е дан кога се потсетуваме дека сме биле и ќе останеме на вистинската страна на историјата- со порака и шефот на државата.
“Денот на Европа, кој ја слави идејата за траен мир и заедништво на континентот, е уште еден потсетник за клучната вредност на патот кон европското обединување на различностите. Само достоинствено, со почитување на правото на самоопределување може да зборуваме за обединета Европа.”- порача Пендаровски.
9 мај, во Македонија и светот се одбележува како ден кога и официјално беше ставен крај на Втората светска војна и ден на сеќавањето на декларацијата на францускиот министер за надворешни работи Робер Шуман, што се смета за прв официјален чекор во создавањето на Европската Унија.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар
