Дали активната блокада ќе донесе брзи предвремени избори
Активната блокада на Собранието од страна на ВМРО-ДПМНЕ повеќе цели кон разнишување на владината коалиција, отколку кон предвремени парламентарни избори. Патот до изборите води преку 61 пратеник, смета дел од експертската јавност. Собранието работи со и онака тенко парламентарно мнозинство, а активностите на опозицијата, може го намалат внатрешниот дијалог кај коалиционите партнери на власта.
Изводливо е да има парламентарни избори доколку има консензус, но после јуни, смета Небиу.
Доколку сега се организираат, тајмнигот за преговорите ќе се измести. Исходот од преговорите во јуни, ќе биде клучен во промена во позициите на политичките партии.
Аналитичарите не очекуваат дополнителна ескалација во односите помеѓу власта и опозицијата, а блокадата во Законодавниот дом сметаат дека може да придонесе и СДСМ да ја подобри атмосферата меѓи своето членство, која е разнишана после локалните избори.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар
