Македонија
11. May 2022 - 16:38

Османи бара почеток на преговори, Петков сигурен дека Македонија и Албанија мора да се дел од ЕУ

Ако Европската Унија сака да го задржи кредибилитетот на Балканот, тогаш треба да започнат преговорите со Македонија - овој суштински заклучок денеска шефот на дипломатијата, Османи му го претставил на неговиот француски колега на средба во Мароко. Во фокусот на разговорот било неопходноста да се забрза европскиот пат на нашата држава, но и на државите од Западен Балкан.

„Северна Македонија ги исполни сите услови за старт на преговорите и дополнително, постигна стопроцентно усогласување со надворешната и безбедносната политика на ЕУ, како и 40-процентно усвојување на законодавството на ЕУ, и сега е критичниот момент и Европската унија да испорача преку усвојување на преговарачката рамка,“ изјави Османи.

На иста линија со Османи е и премиерот Петков. Претходно изјави дека иднината на Македонија ја гледа во европското семејство, но сепак, сеуште треба да се решааваат некои проблеми.

Последна шанса да се реши прашањето за европската иднина на Македонија ќе биде Самитот на ЕУ во јуни, бидејќи како што кажаа дел од властите, ниту Владата ниту граѓаните веќе немаат енергија да минуваат низ процес на надежи и фрустрации.