Споменици оставени да скапуваат - ќе преземе ли некој нешто?
Води ли некој грижа за спомен обележјата во главниот град. Граѓаните и туристите едвај можат да ги препознаат или пак да прочитаат нешто повеќе за нив. Одржувањето изостанува кога се во прашање овие историски обележја на државата во време кога најактуелно е прашањето за идентитетот. Натписи, графити, оштетени споменици, отпадоци и уништени информативните таблички. Вака изгледаат денес спомениците во строгиот центар на градот.
Во минатото беа ангажирани приватни фирми а потоа јавните претпријатија ја преземаа обврската за чистење и одржување на споемниците и фонтаните. Грижата за нив е во надлежност на град скопје. Во 2013г откако тогашниот градоначалник на Општина центар се откажа од одржување на дел од спомениците, обврската беше преземена од Градот. Во минатото беа издвојувани средства и за физичко обезбедување на овие обележја. Нема одговор што се презема во моментот и зошто не се води грижа.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
