Ковачевски не знае дали нов Клинички центар би се градел во неговиот мандат - Мицкоски не лицитира со пари
Премиерот не знае дали во неговиот мандат ќе ги удрат темелите на новиот клинички центар. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ не сака да лицитира колку пари треба да чини капиталниот проект. И власта и опозицијата заеднички на маса ја враќаат повторно на почеток децениската најава за најголемата инвестиција во здравство - каде, кога и колку пари ќе чини никој не знае. Во игра се локациите кај касарната Илинден и ГОБ –8 ми септември.
-Министерот за здравство со негов стручен тим и секако со тимови од други министерства особено од финасии бараат концепсиско решение. Но кога ќе биде тоа и временската рамка од оваа перспектива не можам да кажам, изјави Димитар Ковачевски, претседател на Влада.
Едно е сигурно дека целосно отпаѓа Веле Поле со 508 милиони евра како решение на претходниот министер Венко Филипче. Опозицијата е подготвена да и помогне на Владата за било кое разумно решение што ќе биде во интерес на граѓаните, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
-Ајде да видиме колку тоа ќе чини па потоа да одиме во фаза два како тоа ќе се финансира..дали преку јавно приватно партнерство, дали преку одреден вид на донации кои како држава би ги добиле од европска банка или други меѓународни финансиски организации...тоа е процес што ако почнеше на правилен начин како што велевме, сега можеби и ќе се радувавме на темели, вели Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
За опозициската ВМРО-ДПМНЕ најсоодветна локација е ГОБ 8-ми септември каде веќе има постоечка инфраструктура, но ќе дискутираат и за други прифатливи решенија. Во работната политичка група иницирана од министерот за здравство членуваат претставници од 4 партии од кои се очекува по 13 години на хартија, проектот за клинички да биде и на дело.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
