Македонија
22. May 2022 - 16:32

Како функционира „Итно копче“ - технологија која спасува живот

Технологија која спасува животи- со притискање на само едно копче, доколку сте старо и изнемоштено лице кое има потреба од итна помош, Црвениот крст ви стои на располагапње 24 часа во неделата за итна реакција. Со притискањето на нараквицата каде се наоѓа копчето, ве поврзуваат во централата на Црвениот крст каде тимот проценува каков вид на помош е потребна.

Обучениот тим, веднаш излегува на терен, а доколку состојбата на корисникот на итното копче е животозагрозувачка повикуваат и Итна помош.

Кога ќе пристигнат во домот на лицето кое ги повикало, им се мери притисокот, дишењето и се пружа секаков вид на помош која е потребна во зависност од ситуацијата.

Оваа услуга во скоро време ќе почне да се применува кај веќе одбрани 60 граѓани кои се корисници на одредени социјални сервиси од Црвениот крст, а по пилот програмата ќе може да ја користи секој што ќе има потреба.

Од минатиот месец почна и санитетскиот транспорт за лицата од ранлива категорија на чиј повик тим од Црвениот крст ги носи до болница, на преглед на лекар и онаму каде што имаат потреба од здравствена услуга. За не цел месец се реазлизирале 55 транспорти.