Македонија
14. јуни 2022 - 16:32

Експертите апелираат - да се провери безбедноста во сите градинки во државата

Таванот во градинката „Мајски цвет“ паднал како кула од карти бидејќи имало технички пропусти при изградбата. Ова го тврди градоначалникот на Карпош по направениот експертски увид на објектот стар само три години. Констатирано е дека конструкцијата била за ѕид, а не за плафон и затоа Стевчо Јакимовски ќе побара вештачење и дополнително мислење од стручни лица.

- Местењето на гипс картон на таван има свој систем, а овде се лепени цели плочи. На еден сосема мал дел натежнала водата, што придонело целиот плафон да се сруши како кула од карти. Јас се плашам дека може да се урне целиот таван од оваа градинка направена во 2019 година“, изјави Стевчо Јакимовски, градоначалник на Карпош.

Кој проектирал, кој градел и кој ќе понесе одговорност за рушењето на таванот во градинката? Претседателот на македонското здружение за заштита при работа вели дека некој ставил потпис дека објектот е безбеден и ако врз основа на тоа доаѓа до ваков инцидент, тогаш тука е местото на комората на архитекти да излезе на терен.

- Ова се оние моменти кои треба да го дигнат црвеното знаменце кај нашите авторитети и под итно да направат проверки во сите градинки. Сметајќи го ова как оза малку избегната трагедија, ако ова с еслучило во објект кој е три години стар, тогаш како е во другите сега изградени објекти, вели Милан Петковски, претседател на МЗЗПР

За паѓањето на таванот реагираа и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинувајќи дека пред три години многу тогашни министри се сликале во објектот прикажувајќи го како безбеден за децата.

- Ќе превземе ли некој одговорност за рушењето на таванот на градинката?

2. Дали покрај изведувачот на реконструкцијата, фирма миленик на ДУИ, тендер за изведба на санација на објектот Детска градинка Мајски цвет, во Тафталиџе 2 добила и фирмата миленик на СДСМ која во општина Ѓорче Петров продаваше машина за перење алишта за 20.000 евра?

3. Дали и колку други тендери им се дадени на овие две фирми од претходното раководство на општина Карпош?!

За од семптември стотина деца да се вратат во занималните, Јакимовски најави дека ќе бара измени во општинскиот буџет за итна санација на градинката.