Македонија
20. јуни 2022 - 20:13

Ковачевски: Протоколот не содржи нови услови

Преговарачката рамка да биде мултилатерален документ, а билатералните прашања да се решаваат на билатерално ниво- ова е ставот на премиерот Ковачевски, прашан за францускиот предлог. Сепак не го коментира конкретно и не е прецизен дали ќе го прифатат ако добие зелено светло од Софија.

Документот кој денеска влезе во бугарското Собрание, наречен протокол, не е стасан до македонското министерство за надворешни работи. Но Ковачевски појаснува дека не станува збор за нов договор со Бугарија, туку протоколот вклучува што досега е направено и кои ќе бидат следните чекори за исполнување за договорот за добрососедство со Бугарија.

Финската премиерка, која денеска му беше гостинка на нејзиниот македонски колега, недвосмислено ја даде поддшката за Македонија да биде дел од европското семејство, но не открива дали го одобруваат францускиот предлог.

Македонија и даде целосна поддршка на Финска и Шведска за влез во НАТО, со апел што побрзо да започнат престапните преговори со овие две земји.