Македонија
21. јуни 2022 - 12:32

Четворица затвореници во Штип штрајкуваат со глад

Четири осудени лица на казна затвор во штипската казнено поправна установа веќе втор ден штрајкуваат со глад.

Нивни роднини информираат дека на ваков чин се одлучиле зашто затворските правила не важеле за сите исто. Револтирани се зошто еден осуденик кој пократок временски период од нив служи затврска казна е префлен од затворениот во полузатворениот дел. Се жалаат и дека не им е укажан соодветен лекарски преглед, туку само им бил измерен крвниот притисок.

Директорот на затворот Мики Тодоров, кој во моментот е на одмор, ја потврди информацијата дека 4 осуденици штрајкуваат со глад, но дека не ја навеле причината за ваквата нивна одлука. Исто така наведува дека се прегледани од затворскиот доктор и медицинска сестра од Здравствениот дом и се во добра здравствена кондиција.

Доколку сметаат дека им е ускратено некое право можат да се обратат до народниот правобранител.

Што се однесува до прерлањето на осуденикот, Тодоров објасни дека тоа е сторено зашто имал здравствени проблеми па морал извесно време да поминува на воздух, односно во полузатворениот дел  од затворот. Досега, тврди Тодоров на ниту едно осудено лице не му се ускратени неговите права, ниту е имало поплаки од ваков вид.