Македонија
24. јуни 2022 - 16:29

Реакциите во јавноста ги предомислија надлежните, забраната за движење не важи за Водно

Водно сепак ќе остане отворено за пешачење и рекреација. Откако вчера од Национални шуми најавија дека ќе има забрана за посета на шумите од 6 наутро до 8 навечер, денеска од јавното претпријатие појаснуваат дека оваа забрана нема да важи за парк шумите Водно и Гази баба и националните паркови, туку ќе важи само за оние шуми што се под нивни ингеренции. Со оваа забрана сметаат дека ќе го спречат истото сценарио од лани, односно пожари во шумските предели.

Но сепак денеска Водно останува затворено за посетители. Од град Скопје појаснуваат дека забраната ќе важи се дури не им стигне официјално известување од Национални шуми или од друг владин субјект, бидејќи вчера не прецизирале кои шумски предели ќе имаат забрана за посета.

Инаку доколу некој сака да пешачи и да се рекреира во шумите со кои стопанисува јавното претпријатие Национални шуми ќе треба да извади дозвола. Процедурата трае околу 15 минути.