Пеколните температури донесоа полни раце работа за Брзата помош
Кај 10-тина граѓани со мозочен удар интервенирале екипите на скопската Брза помош во најтоплиот викенд годинава. Во деновите со температура над 40-от степен во Службата регистрираат по 300 до 400 повици. Повеќето барале лекарски совети поради покачена температура или депресивна состојба. Изминатиот период екипите дневно укажувале помош и на 3-4 колабирани лица на отворен простор поради многу топлото време.
Од минатата недела кога земјава е во портокалова фаза прва помош на неколку граѓани им пружиле и 30 обучени волонтери и стручни лица од Црвениот Крст на Град Скопје кои патролираат од 10 до 17 часот на најфрекфентните места во главниот град.
- Има интервенции од типот на мал колапс, на граѓаните им се мери притисок на лице место, неколку граѓани кои биле затекнати на отворено и побарале помош биле транспортирани и до нивните домови, изјави Александра Валкановска – стручен соработник во Црвен Крст на Град Скопје.
Во исто време волонтерите на Црвениот Крст на Град Скопје кога почнаа екстремно високите температури на над 5000 граѓани им поделиле шишенца вода.
Владата ја продолжи портокаловата фаза до среда. Препораките се бремените, хронично болните и постарите од 60 години да се ослободат од работа.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
