Македонија
25. July 2022 - 16:38

Речиси 5.000 граѓани ставиле 4 доза против ковид

Четвртата доза на вакцина засега примамлива само за повозрасната популација. Интерес има и до пладне во вакциналниот пункт во Јане Сандански по четврти пат биле боцнати 36 граѓани.

- Тоа се лица над 60 годишна возраст кои освен хронични заболувања се имунокомрпомитирани, онколошки пациенти и со намален имунитет, вели др. Даниела Марковска од поликлиниката Јане Сандански.

- Што ги примив првите, односно, прва, втора и трета сега и четврта доза. Се чуствувам добро, досега немам прележано ковид, повеќе седам дома само навечер по малку излегувам...вели граѓанин од Скопје.

Откако здравствените власти препорачаа, досега во земјата четврта доза примиле околу 4800 граѓани. За ова бустирање се предвидени вакцините на Фајзер и Модерна но американскиот брен се уште не е достапен во пунктовите бидејќи досега траеле обуките за аплицирање. Растојанието меѓу трета и четврта доза треба да биде 4 месеци.

- Очекуваме да ја добиеме и вакцината на Модерна. За секоја вакцина има обуки, заврши обуката за Модерна, вели др. Марковска.

За разлика од четврта, денека само еден граѓанин примил прва доза во поликлиниката Јане Сандански. Според податоците од Министерството за здравство, од први јули досега само 76 граѓани прв пат биле боцнати против ковид 19.