Македонија
26. August 2022 - 16:46

Освен ДСЗИ и стручната комисијата ќе го испитува случајот на починатиот 25-годишен беровчанец

Штипското обвинителство ќе го испитува случајот за смртта на 25 годишниот пациент од Берово, кој почина по извршена интервенција на заб во Клиничката болница во Штип. Оформен е предмет по допрен глас, а надлежен јавен обвинител наредил полицијата да ја обезбеди целокупната документација од сите здравствени установи каде било третирано момчето и да изврши разговори со лекарите и останатиот медицински персонал кои биле вклучени во лекувањето како и со членови на неговото семејство.

Бидејќи не била направена обдукција врз телото на починатиот пациент , ќе се врши ексумација.

  • Јавниот обвинител, согласно член 236 и член 246 од Законот за кривична постапка, денеска издаде Наредба за ексхумација, обдукција и идентификација на телото на починатото лице, која ќе ја изврши Институтот за судска медицина – Скопје. Обвинителството постапува со цел да ги испита наводите за евентуална лекарска грешка при третманот на сега починатото лице. соопшти обвинителството.

Случајот ќе го проверува и стручна комисија формирана од министерот за здравство. Лекари од соодветни специјалности ќе проверуваат како бил лекуван пациентот и дали се запазени здравствените протоколи во сите установи каде било третирано момчето, информираат од мз.

Во меѓувреме Државниот санитарен и здравствен инспекторат денеска почна вонреден инспекциски надзор  во Штипската клиничка болница, а ќе се проверува медицинската документација и кај матичниот лекар и стоматолог, Итната медицинска помош во Берово и ТОАРИЛУЦ.

Младиот беровчанец почина завчера на КАРИЛ каде бил донесен во многу тешка состојба од Штипската клиничка болница, а негови блиски на социјалните мрежи обвинија за лекарска грешка, по интервенцијата на заб му бил ставен дрен наопаку и добил сепса