Македонија
31. August 2022 - 12:25

Штипски Исар се „дави“ во долгови, додека власта и опозицијата си ја префрлаат вината

ЈП „Исар“ од Штип се „дави“ во долгови поради недомаќинско работење, а не заради покачување на трошоците и враќањето на кредитот, обвинија советниците од опозицијата во градот. Тврдат дека. поради лошиот менаџмент, не продуктивно трошење и нови партиски вработувања, долгот на претпријатието пораснал на 43 милиони денари.

-,Во псоредба со истиот период минатата година за цели 3 милиони денари пораснала ставката за нови вработувања. Наместо да штеди, Здравков планира до крајот на годината да вработи нови 82 лица не неопределено време, односно, нови 30 вработувања за нареднат 2023-та година, изјави Трајче Стојчевски, советник од СДСМ.

Првиот човек на „Исар“ вели дека обвинувањата се неосновани и дека не одговараат на фактичката состојба.

- Минатата година кога во наводници работеле „домаќински“, имавме загуба од 35 милиони денари, со цена на струјата 6 пати пониска од сегашната и со нафтени деривати и репроматеријали двојно поевтини од сегашните. Јавното претпријатие овие 8 месеци има платено 25 милиони денари кредит. Партиски вработувања нема. Факт е дека минатата година имало 350 вработени, а сега се 320 вработени, изјави Трајче Здравков, директор на ЈП „Исар“ - Штип.

За кредит од 164 милиони денари, подигнат пред 20 години, ЈП „Исар“ освен за главниот долг, поради нередовно сервисирање на обврските, на име камата е задолжено за дополнитeлни околу 150 милиони денари.