Температури до 43 степени, на сила мерките за заштита од топлотен бран
Високите температури го активираа алармот, од денеска на сила се мерките за заштита на населението. Ослободени од работа се бремените жени, лица со хронични заболувања и постари од 60 години. Од итната медицинска помош велат зголемен е бројот на интеревенции но до попладнево не се регистрирани колапси на отворено. Апелираат граѓаните да ги почитуваат препораките и да не излегуваат на сонце од 11 до 17часот.
Мерките во целост не се почитуваат. Попладнево во главниот град затекнавме градежни работници како работат на објект, додека надворешната температура измерена од термометар на градските улици покажуваше 43 степени целзиусови.
Волонтери на Црвениот крст ги посетија најфреквентните автобуските постојки, околу пазарите, здравствените установи. Екипите дистрибуираа вода и им мереа крвен притисок на граѓаните.
Во теренска обиколка се вклучи и трудовиот инспекторат а резултатите од спроведените контроли ги најавија за утре.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар