Светската банка предупредува на рецесија
Зголемувањето на каматните стапки од Централните банки можат до го втурнат светот во рецесија следната година, предвидува Светска банка во најновиот извештај. Во обид да се заузда инфлацијата, централните банки ги зголемија каматите, за да го поскапат задолжувањето кај домаќинставата и фирмите, се со цел да се намали потрошувачката. Но ваквиот чекор може да го забави економскиот раст. Податоците веќе покажуваат дека трите најголеми економии во светот САД, Кина и еврозоната – нагло забавуваат
Овие трендови ќе продолжат, а последиците се долготрајни и погубни за граѓаните кои живеат во земјите во развој, вели престедателот на Светска банка, Дејвид Малпас.
Сепак, неизвеснота е висока, а рацете на креаторите на политиките, врзани.
За да се намали инфлацијата , валутите да останат стабилни и растот на економиите да забрза, краеаторите на политики можат да го пренасочат својот фокус од намалување на потрошувачката, кон зајакнување на производоство. Потребни се политики кои ќе генерираат дополнителни инвестиции, кои ќе ја подобрат продуктивноста и распределбата на капиталот, кои се клучни за растот и намалување на сиромаштијата, се наведува во Извешптајот,
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
