Loading Video...
Свет
30. October 2022 - 16:34

Забавата за Ноќ на вештерките во Јужна Кореја одзеде 153 човечки животи

Над 150 лица го загубија животот во стампедо во главниот град на Јужна Кореја. Трагедијата се случила на прославата за Ноќта на вештерките, а до неа дошло откако во тесна стрмна улица се затекнале стотина луѓе кои не можеле да излезат, па почнале да паѓаат. Според очевидци, откако во улицата настанало метеж од луѓе кои не можеле да се движат па во обид да го напуштат местото, започнало и стампедото.

- Дојдовме овде околу 22:00 часот, потоа видовме сцена од филм пред хотелот таму, како да се случуваат работи за време на војна. Тоа навистина се случуваше. Тие правеа CPR овде-онде и луѓето брзаа бидејќи ништо не се контролираше. Беше целосно надвор од контрола

Големата гужва, ја попречувала и спасувачката мисија на надлежните. Според властите, над дваесет лица од починатите биле странски државјани. Претседателот на Јужна Кореја прогласи национална жалост и изрази сочувство за загинатите.