Средношколци од Србија малтретирале професорка
Тројца средношколци од српски Трстеник малтретирале професорка, а настанот го снимале со телефон.. Според видеото, учениците првин вербално ја напаѓаат, а потоа и го повлекуваат столот..
Случајот бил пријавен во полицијата и обвинителството, а од управата на училиштето велат дека наставничкиот совет ќе донесе дисциплинска постапка за тројцата средношколци.. Директорот вели, им се заканува исклучување од училиштетот..
Украинските и турските власти постигнаа договор за извоз на украинско жито преку Црното море со важност за следните четири месеци.. Договорот го потврди првиот човек на Обединетите нации, кој вели дека така ќе се избегне кризата со храна..
Продолжувањето на договорот доаѓа непосредно пред истек на првичниот договор што Турција и Обединетите нации го постигнаа во јули откако испораките на жито беа прекинати со руската инвазија на Украина.
Руската економија падна во рецесија. Бруто домашниот производ е намелне за четири отсто во третиор вартал, покажува првата проценка за економска активност на рускиот статистички институт Росстат. Според нивните податоци и економијата во вториот кварта паднала за околу четири проценти. Најголем пад е забележан во трговијата на големое, додека во вториот вкартал паднала за околу четири отсто..
Падот на руската економија доаѓа по девет месеци војна со Украина..
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
