Свети Николе добива нов противпожарен дом
После 6 децении, Свети Николе добива нов противпожарен дом. Инвестицијата е во висина од 450 000 долари, а грант средствата се обезбедени од Амбасадата и Инижинереската команда на морнаричките сили на САД. Иницијативата е поттикната до пред две години, кога беснее пожарите, а народот на САД сочуствувал со тагата и шокот на македонските граѓани.
Како партнери одлучивме да им помогнеме на службите за Прва помош и итни интервенции на С. Македонија да се справат со тоа. Членовите на противпожарната бригада си веруваат и потпираат еден на друг, обезбедувајќи безбедност и ефикасност, додека се справуваат со заканата од огнените јазици-изјави Анѓела Агелер, амбасадорка на САД во Македонија.
Протовпожарната бригада претходно функционираше во застарена зграда, која не ги исполнуваше стандардите, а беше и ризично да се претстојува во неа, истакна градоначалникот Дејан Владев и најави дека за десетина дена ќе добијат ново противпожарно возило преку Вардарскиот плански регион, а во буџетот за следната година предвидени се средства за ново теренско возило за пожарникарите.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар