Советот на Општина Штип по 23 години денеска донесе нов генерален урбанистички план
После 23 години, општина Штип го носи новиот ГУП. Сите 23 советници и од власта и од опозицијата едногласно ја подржаа одлуката, со која ќе се одговори на современите потреби на градот и околните населени места.
- Потребата од носење на нов генрален убранистички план е иницира уште о 2013-та година и во него се учествивале неколку локални гарнитури, неколку градоначалници кои што ја констатирале потребата од носење на нов ГУП. Новиот ГУП е нужна потреба за раст и развој на општина Штип- изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.
За разлика од преходното планско решение, сообраќајната мрежа се ширi кон периферните делови, а акцент е ставен и на урбаното зеленило.
- Во Штип ќе има најголем процент на зеленило, во споредба со било кој град во Македонија и истото би изнесувало околу 30 % -изјави Лазар Хаџи Николов - Сектор за урбанизам-ЛС Штип.
Индрустријата останува на периферија, со можност за изградба на нови индустриски зони.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар