Македонија
17. January 2023 - 12:17

Расте интересот за фотоволтаици во Штип

Голем интерес пројавиле правните лица за поставување на фотоволтаични панели на крововите од своите деловни објекти. Поради енергетската криза, пред не цели 3 месеци беа донесени измените на Законот за градба, со кои, во поедноставена постапка се дозволува изградба на фотоволтаична централа со моќност до 40 киловати. 

  • За добивање на акт за поставување на фотонапонски панели на кров на објекти, како и за фотонапонски панели кои се поставуваат на земјиште интересот е голем и пред опшината имаме неколку постапки кои што се во тек-изјави Лазе Хаџиниколов, одделение за урбанизам-ЛС-Штип.

Од зголемената потреба од електрична енергија по рентабилна цена за индустријата, ќе можеа да профитираат и оние фирми кои се сместени во бесправно изградени објекти. Во нив треба да се стопанисува со лесна незагадувачка индустрија и да се наоѓаат на земјиште кое согласно урбанистичката планска документација е предвидена за соодветната намена и да има регулиран правен статус. На тој начин објектот ќе биде легализиран, но под услов во рок од една година на своите кровови да постават фотонапонски панели, во спотивно одобрението ќе биде поништено.

  • Досега во општина Штип од неколку заинтересирани субјекти, иматели на потенцијални објекти кои што можат да бидат предмет на оваа постапка се пројави интерес и истите вршеа консултации околу текот на постапката, меѓутоа до денес се уште немаме примено ниту едно барање за издавање на одобрение за ваков тип на објекти- додаде Хаџиниколов

Тримесечниот период предвиден за поднесување на барања истекува на 26-ти јануари, оваа година.