Македонија
21. February 2023 - 12:21

Европската куќа во Струмица прослави 2 години постоење

Европската куќа во Струмица одбележа две години од нејзиното постоење. Во тој период преку серија различни настани се обидoа да ги промовираат европските вредности, но истовремено преку истите да ги поттикнат младите да бидат креатори на новите текови во општеството. 

За две години, европската куќа во Струмица успеала да организира повеќе од 330 настани поврзани со европските младински цели кои ги посетиле над 15.000 посетители , а соработувале и со околу 100 организации и институции од 15 општини. 

Вршителот на должноста амбасадор на Делегацијата на ЕУ во Скопје Штефен Худолин најави дека поддршката на европската куќа во Струмица ќе продолжи и во иднина. Според него, тоа е место на кое младите споделуваат искуства, но истовремено и бараат решенија во нивни интерес.

Како дел од одбележувањето на двегодишнината од отворањето на Европската куќа во Струмица беше организиран настанот „Дигитален ѕид на желби“ а се дискутираше и за вештините и соништата на младите луѓе и младите амбасадори бидејќи оваа 2023 година ќе биде Европска година на вештини.