„Розев пикник појадок“ за кревање на свеста за ракот на дојка
Марина и Тереза се две од вкупно 7.000 живи пациентки на кои им бил дијагностициран најчестиот рак – на дојка. Болеста ја откриле за самопреглед. Велат – битката е тешка, но ги направила посилни.
- Болеста ја открив со самопреглед. Најголема поддршка добив од матичната докторка. Ги следевме промените неколку месеци, за да после тоа ја почнеме патеката со контролно ехо, контролна мамографија, дознавање на страшната дијагноза – рак, канцер. И потоа почнува патеката по која не знаеш каде ќе се движиш, како ќе се движиш, што те очекува, каде имаш рампа да застанеш, дали треба да плачеш, дали треба да се смееш, дали треба да се плашиш.
- Осум и пол години сум канцер пациент. Првата дијагноза ми беше 2018. Добро се соочувам со тоа, имав и уште една операција, и уште една. Примам редовни терапии. За мене барем секогаш имало терапија на време. И би им препорачала на останатите пациенти да не се затвораат во затворени соби со ѕидови, туку да споделуваат искуства, да бараат поддршка од сите нас, зошто не има премногу и би препорачала на сите девојки и помлади и повозрасни, да прават самопрегледи барем еднаш месечно кога се тушираат зашто самото тело дава знаци.
Годишно лекарите дијагностицираат по 1.000 жени со рак на дојка, објави министерот за здравство и најави промена во скрининг програмата. Рече и дека два лека за оваа болест веќе се префрлени на позитивната листа со што пациентките кои се на хронична терапија можат лековите да ги подигнуваат во аптеките, наместо да одат на Клиниката за онкологија
- Во моментот главен проблем ни е скрининг-програмата на рак на дојка. Таа, според Ревизијата што се направи од Државниот завод за ревизија можам да кажам дека е неуспешна и мораме комплентно да го преобмислиме концептот и се надевам многу брзо, заедно со Хемо-онко ќе најдеме јазик за да промовираме нов концепт за скрининг-програмата.
Здружението на пациенти со рак и нивни негуватели „Хема-онко“ по трет пат организира розев пикник појадок за кревање на свеста за ракот на дојка. Идејата е да се избегнат болничките простории, и неформално да се информираат девојките и жените за важноста од редовните прегледи.
- Поддршката мора и треба и може да биде заедничка. Тука сме како заедница да покажеме на секоја жена дека не е сама во оваа борба.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар
