Македонија
4. October 2026 - 16:51

Постојаните осцилации на езерото негативни за живиот свет

Постојаните осцилации на нивото на водата во Охридското Езеро негативно влијаат врз живиот свет, крајбрежниот екосистем и инфраструктурата.

Ваквите појави сè почесто се резултат на глобалните климатски промени нестабилните врнежи, сушните периоди, но и на неконтролираното управување со водите од страна на човекот.

Екологистите бараат да се ревидира билатералниот договор со Албанија за користење на езерските води за производство на електрична енергија, бидејќи на овој начин му се нанесуваат огромни штети на езерото кое е под заштита на УНЕСКО.

Добрите познавачи алармираат дека доколку не можеме да влијаеме врз климатските промени, можеме да го контролираме количеството на испуштена вода од езерото.