Македонија
10. April 2023 - 16:33

Нов смртен случај во битолската болница, 24 годишна родилка го загуби бебето кратко по породувањето

Втора трагедија во битолската болница за неполни три недели. Родилка го загубила бебето по породувањето. Информацијата ја потврди министерот за здравство, кој попладнево ја посети болницата и разговарал со жената. Што точно се случило Фатмир Меџити најави дека ќе соопштат после утрешниот надзорот на инспектори од ДСЗИ.

- Бебето било родено живо, но имало белодробно срцево оживување и понатаму се ќе кажеме кога ќе имаме дефинитивни резултати од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, изјави Фатмир Меџити, министер за здравство.

Ова и било прво породување на 24-годишната жена.  

- Длабоко сочувство и до младата родилка за загубеното бебе. Ако има пропуст, ќе има и одговорност. Таа е 24 годишна и ова и е прво породување. Сега разговарав со неа, рече Меџити.