Убиени 8 ученици и чувар, повредени 6 ученици и наставничка во масовното пукање во училиште во Белград
Седмооделенецот Коста Кецмановиќ во 8 и 30 се упатил кон училиштето во кое учел.. Наместо со книги, школскиот ранец го наполнил со молотови коктели, два пиштоли и оружје во нив, со намера да убие. Прв го застрелал човекот од обезбедувањето на училиштетот, па стрелал во двајцата дежурни ученици. Со пиштолот во раце се упатил по ходникот и убил уште еден ученик. Не застанал овде – цел му бил кабинетот по Историја. Во полната училница најпрово пукал кон наставничката, а потоа стрелал и кон учениците кои го следеле часот. Куршумите на Коста убија вкупно осуммина ученици на возраст од 13 и 14 години. Истртелите смртоносни биле и за човекот од обезбедувањето. Прострелни рани по целото тело заработиле шестмина ученици и наставничката по историја.
Крвавиот поход завршил со пукањето во кабинетот по историја. Малолетникот излегол во дворот го фрлил оружјето и ја повикал полицијата. Исплашените деца крвавата драма ја опишале на своите родители.
Страв и паника завладеале во училиштетот.
Според српската полиција, Коста подолг период го спремал вооружениот упад во училиштето. Сакал да се одмазди за единицата по Историја. Изработил детален план на хартија, сличен на видеоигра со претходно зацртана траса на движење.
Двата пиштоли со кои пукал Коста се на неговиот татко. Стоеле во семејниот сеф. Малолентикот имал познавање за оружјата. Со својот родител одел на стрелиште и нишанел кон замислени мети. Денеска ги замени со свои соученици.
Коста е уапсен во школскиот двор, пред очи на учениците. Зад решетки се наоѓа и неговиот татко.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
