Loading Video...
Свет
20. May 2023 - 16:30

Седумте најразвиени држави во светот подготвуваат нов пакет помош за Украина

Седумте најразвиени држави во светот подготвуваат нов пакет помош за Украина. По тридневниот самит во Јапонија, групата 7 на Кина и понудила стабилни односи и помош да ја притисне Русија да ги сопре воените активности. Во меѓувреме, американски извори тврдат дека Бајден подготвува пакет воена помош за Украина од 375 милиони долари, а веста доаѓа откако американскиот претседател пред своите колеги на самитот во Хирошима изјави дека ќе дозволи испорака на авионите ф-16 и од други земји, а ќе поддржи и напор за обука на украински пилоти.

Пожарите во Шпанија излегоа од контрола.. Според локалните служби за итни случаи, огнот пустоши на површина од 1.500 хектари во близина на границата со Португалија, а евакуирани се над 500 лица.. Освен пожарникари со огннената стихијха се справува и армијата. Локалните жители се соменваат дека пожарите се подметнати.. Службата за климатски промени на Европската унија предупредува на висок ризик од пожар и во другите делови на Шпанија.. Дополнителен Проблем за гасење на пожарите според службите се лошите временски услови.

Нов протест во Белград.. Синоќа по третпат граѓаните на србија беа дел од протестот со кој се бараат оставки.. Протеститњ, Србија против насилството, следи по масовните убиства на почетокот на мај.

Истовремено, српскиот претседател одржа говор пред приврзаниците во Панчево каде обвини дека опозицијата ги злоупотребува двете трагедии и тагата на народот.