Македонија
21. јуни 2023 - 16:32

Највисоки државни признанија за 3 организации и 4 поединци за борба за човековите права

Три организации и четири личности добија признание “Повелба на Република Македонија “ од претседателот Стево Пендаровски за нивната работа и посветеност , за подршка и подобрување на животот на граѓаните кои ги застапуваат, но и за афирмација на нашата држава во светот.

- Препознавајќи ја улогата и значењето на граѓанските организации, како и на поединци кои преку работата во нив, но и самостојно, придонесоа за македонската демократија и македонското општество, денес имаме можност на мал дел од нив да им се заблагодариме доделувајќи им Повелба на Република Македонија, рече Претседателот Стево Пендаровски.

Претседателот Пендаровски го додели признанието “Повелба на Републкиката” на „СОС Детско Село“, на Движењето против хендикеп “Полио Плус”, на Центарот за балканска соработка „ЛОЈА“,  на Биба Додева, Ленче Здравкин, Савка Тодоровска и на Ристо Донев.

- Наградата е најбитно да има вредност, многу луѓе се бунат ја мешаат со пари. И Нобеловата награда има многу пари, но никој не мисли кога се споменува наградата на парите, туку се мисли на престиж. Во чие име се дава. Во име и за Републиката и трето можеби најважно е кој ја добива наградата. Ако ја добиваат вистински луѓе, организации, наградата ќе го зголемува својот престиж, истакна Звонко Шавревски, претседател на “Полио Плус”, движење против Хендикеп.