Комисијата утврди дискриминација од МОН поради немањето на учебник по македонски јазик
Претставка од родители откри системска дискриминација на учениците од петто одделение. Цела година учениците немале учебници по македонски јазик, со што МОН направиле потежок облик на повеќекратна продолжена директна дискриминација.
Според извештајот на комисијата, на учениците им било ускратено правото да се образуваат од учебник по мајчин македонски јазик. Иако родителите реагирале повеќе пати до менаџментот на училиштето и МОН, решение не се нашло цела учебна година. МОН во неколку наврати се оправдувале, со тоа дека учебникот по македонски јазик не бил се уште одобрен, се правела низа корекции бидејќи 30 отсто од содржината на учебникот требало да биде променета.
Комисијата по тврдување на фактичката состојба им даде рок на МОН да обезбедат учебници, во спротивно, ќе биде покрената прекршочна постапка.
Комисијата за заштита од дискриминација, препорачува МОН да обезбеди ученици по сите наставни предмети и на сите јазици на кои се извршува наставата пред почетокот на учебната 2023/2024, најдоцна до 31 август и за тоа писмено да ја известат комисијата.
Дополнително, МОН да изработи акциски план, со дефинирани материјални и финансиски средства со кој ќе предложи начин на обезбедување на ревидирани учебници, со цел за новата учебна да бидат обезбедени учебници во рок од 30 дена од приемот на ова мислење. Пред да донесат одлука за повлекување на учебник, да водат сметка во иднина дека имаат алтернативен наставен материјал. Во рокот кој го зададе комисијата, доколку од МОН не постапат, ќе биде поднесено барање за прекршочна постапка пред судот, пишува во документот кој го објави комисиајта.
Цела измината година, учениците од прво, второ, четврто и петто одделение учеа од материјали за кои самите наставници се снаоѓаа да им ги принтаат. Учебниците од новата концепција, доцнеа цела година па така во училиштата кога заврши учебната во јуни, пристигнале учебниците по македонски јазик.
Министерот за образование пред извесно време изјави дека се правеле напори од први септември да почне годината без старите проблеми, но бирото за развој задоцнило со испорака на наставната програма за неколку предмети до МОН.
Шаќири тврдеше дека за трето одделение некои од учебниците се во напредна фаза, но за 6то се трудат да стигнат до први септември за да достават учебници.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
