Почна постапката за помирување на Синдикатот и раководството на УЈП
Од 10 до 20 дена имаат рок Синдикатот и директорот на УЈП да постигнат договор за зголемување на платите на вработените. До тогаш, медијаторот повика да се одложат секојдневните протести, за да нема застој во работата на институцијата. Оптимисти се дека исходот ќе биде позитивен и генерален штајк нема да има.
Од Синдикатот велат дека направиле отстапки пред стартот на преговорите, а тоа е наместо просечната, основица за пресметка да биде минимална плата. Бараат и линеарното покачување кое административците го добија почетокот на годината, да им биде исплатено и нив.
Незадоволни од ниските плати, Синдикатот побара зголемување од 30%, во спротивно се закани со генерален штрајк, со што исплатата на платите на цел приватен и јавен сектор би се довела во прашање.
До конечен договор, штрајкот е одложен, а најоптимистичкиот рок за покачување е во понеделник – кога се очекува да се постигне договор за нов колективен договор кој ќе важи за цел јавен сектор.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
