Не е завршен извештајот од инспекцискиот надзор на Гинекологија
Инспекторите од ДСЗИ го завршиле надзорот на скопска гинекологија за случајот со родилката која скокна од прозорец, но што констатирале ќе се знае утре.
Од инспекторатот велат дека во текот на денот собирале инфорормации и од други установи за да го комплетирале извештајот.
Според информациите од ТОАРИЛУЦ 39 - годишната жена од Скопје и понатаму е во многу тешка состојба на КАРИЛ.
За да се превенираат вакви немили настани министерот за здравство најави програма за психолошко советување на сите трудници во текот на целата бременост.
- Ќе треба повеќе да работиме на превенција. За бремените жени ќе направиме програма да имаат психолошко советување низ целата бременост. Тоа е една од мерките која планираме да ја спроведеме. Не знам дали ќе биде бесплатно, ќе видиме како ќе се организира, но ќе има кампањи за ова, изјави Фатмир Меџити, министер за здравство.
Жената во петокот била породена со здраво машко дете, а два дена подоцна се обидела да си го одземе животот скокајќи од прозорецот на првиот кат на ГАК.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар