Деканот на Градежниот факултет бара стручна анализа за „Беласица“
Не е опција уривање на мостот Беласица дури и при најлошото сценарио кое би произлегло од извештајот, вели деканот на градежниот факултет.
Но, ризикот е голем, неопходно е да се испита колку длабоко се предизвикани микропукнатини во структурата на бетонот. Два до три месеци се потребни да се добие математички модел со детални испитувања за тоа колкава температура ги зафатила каблите за преднапрегање по што ќе се знае каква санација е потребна.
Проф.Марковски презентираше методологија за утврдување на состојбата, за тоа каков вид на анализи се потребни за да се утврди штетата од пожарот.
Во Македонија нема таков вид на лабораторија, но доколку се испратат мостри таков прецизен извештај би добиле за неполн месец. Она што е важно при проценката е да се испита внатрешноста на носечките сандаци, која до сега не е направена вели деканот. Од град Скопје до овој момент не ги повикале експертите од градежен да се вклучат во процесот.
По два месеци од пожарот, од приватниот институт кој е задолжен за испитување испратиле драфт верзија од извештајот до Град Скопје, според кој предизвикани се мали оштетувања на мостот за што ќе биде потребна санација.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
