Постои ли решение за кражбите на електрична енергија
Со притвор и присилна наплата државата може да го реши проблемот со неплаќачите на струја. Ставот на експертите е јасен и не треба да има компромис кога е во прашање девијанта појава на одредена група која со години користи струја на грбот на останатите чесни плаќачи. За ситуацијата во Слупчане, Димитров смета дека најповикана е полицијата, која не си ја завршила својата работа.
Премиерот пак тврди дека одговорноста за неплатените сметки не е на државата и смета дека не потфрлиле институциите. Според Ковачевски, проблемите со струја во Слупчане, се проблем на приватна компанија.
Префлањето на вина е најлесниот начин да се избегне одговорност порача Димитров, кој вели токму државата е целосно одговорна и не смее да дозволи на грбот на сите останати граѓани, некој да користи струја со години и наместо да плати, да се бунтува.
Обвинувања по изјавата на премиерот, пристигнаа и од опозициската партија. ВМРО ДПМНЕ оцени дека премиррот е немоќен и испраќа порака на имотна и правна несигурност на компаниите. Ситуацијата во Слупчане ескалираше по протестот на жителите кои не дозволуваа екипи на евн да пристапат до трафостаницата за да решат дефект настанат од дивите приклучоци.
Според информациите од ЕВН, Слупчане е број еден на листата населени места кадешто компанијата има загуби поради кражба на струја, а овие загуби потоа се впишани на сметките на останатите домаќинства. Вакви проблеми со диви приклучоци има и во скопско Студеничани.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
