Македонија
16. July 2023 - 16:48

Ќе овозможи ли интегрираниот систем на наплата на патарините меѓу Македонија и Србија, побрз проток на возила низ Коридорот 10?

Со еден ТАГ уред граѓаните ќе може да ги поминуваат патарините во Македонија и Србија. Бесконтактното електронска плаќање од денеска е достапно само за автомобилите, а од следниот петок и за транспортните возила.

Иницијативата е дел од проектот Отворен Балкан , кој според премиерите на Србија и Македонија им донесе бенефит на двете земји.  Се зголеми трговската размена за 25%,  бројот на туристи за 500%, а наскоро ќе стартува и размената на работници меѓу Србија, Албанија и Македонија. Премиерот Ковачевски сепак се надева дека иднината на проектот е Балкан без граници.

Откако албанскиот премиер Рама искажа резервираност околу Иницијативата Отворен Балкан, српската премиерка Брнабиќ вели дека не верува во тоа.

Затоа  утре ќе оди во Тирана и се надева дека ќе слушне оптимистички изјави за Отворен Балкан. Интерес за приклучување во дел од проектите има и од Хрватска и Грција, но премиерите се надеваат на влез и од цел Западен Балкан

Со пари од Европската Унија наскоро ќе почне да се гради и на капиталниот проект- брза железница од Белград – Ниш – Прешево па до Скопје.