Македонија
20. July 2023 - 16:36

И помалите етнички заедници сакаат државна награда по најавата за нова награда за албански јазик

Помалите етнички заедници реагираат на предлог измените во законот за две нови државни награди кои ќе ги носат имињата на Блаже Конески и Ремзи Несими. Додека предлогот е се уште во собраниска процедура, реакции пристигнаа по однос на одлуката на Министерството за култура, зошто нема државна награда која ќе го носи името на истакнати личности од областа на лингвистиката и културата на српскиот, турскиот, ромскиот и други народи. Од српскиот културно информативен центар велат во државата нема политичка волја ниту за да отворање српски институт, а бројни иницијативи пропаднале уште во обид да се добие институционална поддршка.

Од Министерството за култура велат со двете нови државни награди Блаже Конески и Ремзи Несими ќе се овозможи во државата да се оддава општествено признание на поединци, групи и установи кои со својата активност дале придонес кон промоцијата, заштита и унапредување на македонскиот јазик односно албанскиот јазик и албанологија. 

Предлогот за воведување на две нови државни награди е концепиран врз основа на доставени иницијативи на Советот за македонски јазик и Инситутот за духовно и културно наследство на Албанците. Се надеваме дека ќе се препознае важноста на овие две нови награди, а истакнуваме дека министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска и на јавната расправа во Собранието упати повик до другите народи во државата да дадат предлози за државни награди во областа на нивните јазици. 

Оттаму потенцираат дека се отворени за нови иницијативи. 

Според текстот на измените, се предлага доделувањето на државната награда Блаже Конески да биде на 19 декември, додека пак на 25 декември за наградата Ремзи Несими. Министерството за образование да ги води стручните и финансиски работи а во текот на една година да се доделат најмногу две награди во износ од пет просечни плати.