Македонија
6. August 2023 - 16:26

Дождот ги изгасна сите пожари - Нема големи поплави и штети

Дождот придонесе да се стишат пожарите. Според информациите од ЦУК денеска нема пријава за оган на отворен простор, за разлика од вчера кога гореше на 50 места во Македонија. Најсериозен бил пламенот во Свети Николско кој зафатил и викендици, но и во Дојран и Демир Хисарско каде пожарите излегле од почетната контрола и била побарана асистенција за гасење со леталата на МВР и ДЗС.

Ангелов апелира граѓаните да бидат внимателни, да не палат оган на отворено и да не фрлаат отпушоци. Во ЦУК имаат сомнежи дека неколку пожари биле намерно подметнати.

Од вчерашното невреме кое ја зафати целата држава во ЦУК нема пријавено штети. Од УХМР пак информираат дека најмногу дожд наврнало во Радовишко, Беровско, Штипско, Скопско и Свети Николско. Иако врнежите предизвикале покачување на водотеците нема излевање на реките во овие региони.