Протест во Градачац по вчерашното трикратно убиство
Ден по трикратното убиство во Градачац, жителите излегоа на протест. Велат, жртвите на Сулејмановиќ се резулатат на незаинтересираноста на институциите. Тврдат дека полицијата останала глува на повиците од неговата невенчана сопруга за насилството кое го трпела..
Во крвавиот поход на Сулејмановиќ кој го пренесуваше во живо на социјалните мрежи, беа повреди уште три лица.. По убиството на невенчаната сопруга, и уште две лица, 35 годишникот сам се застрела..
Најмалку шестмина мигранти се загинати во обид нелегално да го минат каналот меѓу Франција и Британија.. Несреќата се случила утринава кога бродот со кој се превезувале, поради силните морски струи се превртел.. По трагедијата, се активирала француската спасувачка служба која пронашла уште десетина чамци полни со мигранти кои сакале да го минат каналот.. Во акцијата биле спасени 50на лица, кои со спасувачки брод биле вратени на француското пристаниште.. Според податоците на британските власти, низ каналот каде се случила несреќата, годинава го минале над 16 илјади мигранти..
Седум лица загинаа, а неколкумина се повредени при уривање на џамија во Нигерија.. Несреќата се случила во време кога објектот бил полн со верници.. Попуштила структурата на централниот дел на џамијата, која потрупала повеќемина, а седум лица настрадаа.. Првичните проценки биле дека се загина четири лица, но по расчистување на остатоцоите од урнатата џамија, биле пронајдени уште три тела..
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
