Македонија
15. August 2023 - 16:38

Домаќините на Курти тврдат дека реакциите во јавноста се албанофобија

И по четири дена лицето кое вееше знаме на Голема албанија на тетовскиот плоштад е недостапно за полицијата. Во потрагата е вклучено и ОЈО Тетово. Иако и претседателот на држават аи премиерот побараа одговорност од организаторите, досега ниту против тетовскиот ниту градоначалникот на Чаир не се поведени постапки. Од партијата БЕСА чиј лидер е градоначалникот на Тетово, се оградија и велат тие не можат да бидат одговорни за нешто што се случувало во публиката.

Обвинија дека со реакциите за посетата на Курти, македонските државни раководители ширеле откриле национализам кој се криел со демократски јазик.

За ширење албанофобија вчера обвинија и останатите партии од албанскиот опозициски блок кои му беа домаќини на Курти.

По три дена бурни реакции со став се јави Косовската Влада, од  каде тврдат дека премиерот Курти бил дојден на покана на градоначалниците а не за да пропагира идеи за Голема Албанија како што го обвинија и во македонската јавност, но и претседателот на Србија. Оттаму тврдат дека со владата на Македонија се во редовна комуникација.

„Посетата беше по повод преименување на улица во Скопје со името на деецот Адем Демачи и свечено пуштање во употреба на патот кој поврзува две села. Во средината на јуни, исто така, со покана, премиерот Курти учествуваше на Форумот во Преспа, во Струга, во чии рамки оствари средби со албански претставници на Северна Македонија, меѓу кои и со првиот човек на ДУИ, Али Ахмети. Што се однесува до нивото на меѓудржавните односи, потсетуваме дека двете влади за прв пат одржаа заедничка средба во септември 2021 година, како резултат на добрите односи и заедничките интереси. Комуникацијата меѓу владините кабинети е редовна.

Опозициската ВМРО ДПМНЕ ги повикаа повторно на одговорност премиерот и СДСМ за премиенување на улицата втора македонска бригада по името на косовскиот активист Адем Демачи.

СДСМ го обвинија лидерот на опозицијата Мицкоски дека со молчењето за настаните го брани градоначалникот на Тетово.

Касами и Мицкоски заедно се обидуваа да ја урнат Владата, а нивната соработка продолжува и денеска и во советот на Тетово и во македонското Собрание. Молчат и советниците од ДПМНЕ во Тетово, и тие го бранат Касами.Наместо да работат на решавање на проблемите на граѓаните коалицијата на Мицкоски и Касами во Тетово промовира поделби, национализам, провокации и создаваат тензии.

По бурните реакции како дошло до  премиенување на улицата Адем Демачи  во Чаир , градоначалникот на оштината  тврди дека за одлуката согласно сите законски процедури гласале мнозинството советници.   Скопската градоначалничка Арсовска пак поднесе иницијатива до Советот за враќање на името на улицата Втора македонска бригада.