Македонија
22. August 2023 - 16:32

МОН има уште 10 дена да ги спроведе препораките од Комисијата за антидискриминација за немањето учебници

Ако до 31 август МОН не достави на писмено дека ги обезбедиле сите учебници, на сите јазици за учениците од основното образование, им се закануваат  прекршочни пријави. Комисијата за заштита од дискриминација која утврди продолжена системска дисриминација ќе ги преземе сите правни дејствија по истекот на овие десет дена. Се поизвесно е дека ќе се бара одговорност од министерот и МОН бидејќи комисијата добила инфомација дека сепак ќе доцнат дел од учебниците.

Комисијата одлучуваше по претставка од родители чии деца во 5то одделение немале учебник по мајчин македонски јазик. Во извештајот  беше утврдена продолжена дискриминација, бидејќи три генерации биле оставени без учебници по овој предмет, но книги немале голем дел од учениците и во останатите одделенија.

 Од МОН велат дека на крајот од минатата учебна година се доставени учебниците по македонски јазик за 5то одделение. Но, сепак ќе доцнат со дел од учебниците за 3то и 6то одделение. За сите останати уверуваат дека книги ќе има на први септември.

Сите учебници кои се одобрени во изминатите учебни години навремено ќе бидат испорачани до училиштата. Целосно нови учебници за прв пат одобрени ќе има и за 3то и 6то одделение и најголемиот дел од нив ќе се испорачаат до 1 септември, а помал дел во текот на септември.

Со оглед дека дел од авторите се во процес на жалбени постапки, министерот пред неколку дена изјави дека учебниците кои се уште не се готови, учениците ќе ги добијат во текот на првото полугодие.