Стапи на сила одлуката на матичните да пропишуваат лекови за хронични болни, но сеуште не функционира
Матичните денеска не можеа да креираат рецепти за 5-те хронични болести, хипертензија, дијабетес, астма, хобб и намалена функција на тироидната жлезда. Иако одлуката на министесртвото за здравство веќе е излезена во Службен весник и стапи на сила во пракса не функционира, а целта беше пациентите да не се малтретираат за овие лекови да одат кај специјалист.
Доктор Станоевска вели, за да може да креираат рецепти кои досега ги пропишувале специјалисти треба да добијат код од Мој термин.
Матичните 10 години барале да се направи ваква промена во режимот на пропишување на лекови за да не се малтретираат пациентите, но апелираат листата на терапија да се зголеми.
Оваа новина на министестерството е дел од реформите за трансформација на примарното здравство која вклучува и рано откривање на болести од страна на матичните лекари.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар