Македонија
23. August 2023 - 16:28

Синдикатите очекуваат и поголемо покачување на платата во образованието од 10%

Патни трошоци или бесплатен превоз за вработени во училиштата.  Министерот ексклузивно најави во вестите на Сител дека во новиот колективен договор се размислува да вметне надомест за патни трошоци. Овој предлог веќе е доставен до Министерството за финансии.

Од СОНК се оптимисти и велат  во тек се преговорите со МОН за поголем процент на зголемување на платите  од 10 отсто. Очекуваат во следниот период да добијат позитивен одговор.

Од независниот синдикат за образование пак најавија штрајк доколку не се исполни барањето целосно да се почитува киолективниот договор и процентот на плата да се рачуна врз основа на минималната во државата.

Со потпишување на новиот општ колективен договор, вработените во образование за прв пат ќе добијат регрес за годишен одмор, кој првата година ќе изнесува 10 000 денари.