Освен партиите и наставниците реагираат на новиот концепт на настава до 6. одделение - Ќе предизвикал хаос
Наставниците реагираат за планот кој го објавија од БРО на кој начин треба да се реализира наставата до 6то одделение. Со новата концепција за која повеќепати реагирале, велат се прави тотален хаос во организирање на часовите и пишување на оценките. Наставничка по македонски јазик во основно училиште, за Сител вели, неприфатливо е исфрлањето на изучување историја на јазик во 6 одделение и наместо по македонски, за овие суштински работи да предава наставник по историја и тоа во само неколку часа.
Новите модули кои ги објавија од БРО на само една недела до стартот од учебната година, предизвикале револт кај сите наставници, а особено кај оние чии предмети се интегрираат во еден.
Дека новата концепција е неспроведлива а со тоа и планот за нејзина реализација реагираат повеќе пати од ВМРО ДПМНЕ и бараат да се поништи пред да биде предоцна. Од МОН преку соопштение уверуваат дека ниту еден наставник нема да остане без работа. Оттаму велат, наместо критики, политичките субјекти да се вклучат и дадат придонес со конструктивни сугестии.
„Бројот на часови е идентичен како и порано, а она што го воведуваме со новите програми е новиот пристап, базиран на искуствено учење, на поврзување на она што се учи со реалноста, на учење преку експерименти, развивање на критичко мислење.
Даваме можност преку креиран каталог со 26 акредитирани програми, секој самостојно да одбере кој тип на лични компетенции ќе ги надгради. Големо олеснување за наставниците ќе биде воведувањето на новиот електронски дневник кој треба да ги надмине предизвиците на кои тие укажуваа досега.
Според наставниците, дополнителен проблем ќе биде и тоа што по голем број предмети за 3то и 6то, ќе мора да користат скрипти.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
